Струга, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(40) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“.
Пријавениот на 24-ти ноември во Струга во возило, после вербална расправија со М.И.(28) од Струга, којашто прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И. со нож во грбот. Откако овој паднал на земјата, пријавениот продолжил да го удира, а потоа со јаже му ги врзал нозете, противправно го лишил од слобода, по што му го одзел возилото и заминал во непознат правец. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 33