Струга, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против 49-годишниот А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На почетокот на декември, лицето С.И. од Струга нудел на продажба возило кое било во сопственост на С.С. од селото Шум. Пријавениот му се јавил под друго име како купувач на возилото. Со оштетениот се договориле да го купи возилото за 3 500 евра, а како гаранција да му даде капар од 500 евра, додека останантите 3 000 евра да му ги даде кога ќе потпишат договор за префрлување на сопственост на возилото. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 37