Струга, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти мај 2024 година, во 11:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека 48-годишно лице од Струга се здобило со повреди при извршување на работни задачи во јавно претпријатие од Струга.
– Тој бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга и известен бил трудов инспектор, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 33