декември 1, 2017

Струга, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична против 29-годишниот С.К, жител на Струга.

Казненото дело го сторил на 12-ти ноември во 02:30 часот, во ноќен клуб на улицата „Пабло Неруда“ во Струга. Пријавениот, без посебен повод започнал да фрла чаши по 31-годишен стружанец, кој се наоѓал на шанкот во клубот, започнал караница и веднаш извадил нож со кој замавнувал кон него упатувајќи му сериозни закани по неговиот живот.

За кратко време реагирале овластените работници од агенција за обезбедување кои го отстраниле пријавениот од угостителскиот објект и ги известиле полициските службеници. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука