Охрид, 24. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – На Граничниот премин – аеродром „Александар Велики“ во Скопје, синоќа после 23:00 часот, при пасошка контрола било констатирано дека 28-годишниот И.Л. од Струга се наоѓа на стоп листата со мерка „А” (апси).
Лицето било приведено и со Потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24