Стружанец фатен со дрога во Охрид
мај 30, 2017

Охрид, 30. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридската полиција поднесе кривична пријава против 31- годишниот Б.И. од Струга кој се сомничи за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги”.

На 25 јули минатата година, околу 19.00 часот пријавениот на лице од Охрид му продал 22.81 грама марихуана, додека следниот ден во неговото возило и овозможил на девојка заедно да користат хероин кој го поседувал. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука