Стружанец ѝ се заканувал на поранешната сопруга
февруари 20, 2017

Струга/Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со кривична пријава се стекна лицето А.Б., 38-годишен жител на Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“ и „одземање малолетник“.

На пријавениот со судско решение од 2016 година, издадено од Основен суд Охрид, изречени му се привремени мерки на заштита од семејно насилство.

Тој добил забрана за вршење на секаков вид на семејно насилство, а не смеел да се приближува на неговата поранешна сопруга. И покрај тоа, пријавениот А.Б. продолжил со вознемирување. Тој ја следел поранешната сопруга, предизвикувајќи кај неа чувство на несигурност, страв и вознемиреност.

Во јануари оваа година, пријавениот ја зел со себе малолетна ќерка, која со решение на основниот суд во Охрид, привремено, сè до донесување на одлука од центарот за социјални работи, ѝ била доверена на чување и воспитување на мајката. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука