Струга, 25. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – 31-годишниот Д.М. од Струга заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Во периодот од 8-ми до 14-ти овој месец, во куќа на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, во сопственост на 59-годишниот С.Л., пријавениот со оригинален клуч, пронајден под чергата пред влезната врата, влегол внатре и одзел 700 евра, 5.500 денари и 22 американски долари. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 18