Струга, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – На кретивен начин, стружани уште еднаш испратија апел за чист воздух, овојпат од највисокиот врв на Јабланица – Црн камен.
Учествуваа членови на граѓанската иницијатива „Доста“, со поддршка на Планинарското друштво „Закамен“, како и 200 други планинари од Битола, Прилеп, Кичево, Скопје, Охрид и Вевчани.
Стружани очекуваат дека во текот на летото нема да имаат проблеми со дивата депонијата и се надеваат дека час поскоро ќе се најде конкретно решение за нова безбедна локација за одлагање отпад. (Крај)
извор: strugaonline foto: strugaonline
Прочитано: 16