октомври 31, 2014

Струга, 30. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Дрим“ во Струга денеска и утре се одржува јавна расправа за нацрт-локалните стратегии за образование, за млади, за соработка со граѓански организации, како и нацрт-стратегијата за социјална заштита  на Општина Струга.

Првата јавна расправа се одржа по нацрт-локалната стратегијата за образование на чија изработка, според Сервер Шашко од општина Струга се работело во текот на изминатите неколку месеци.

– Од март до ноември имавме прекрасни фасцилитатори  за успешно совладување на овие работи. Отидовме со сите потребни чинители кои ќе придонесат образованието во Општина Струга да оди напред. Свесни сме дека во образованието имаме многу проблеми.Од година во година се намалува бројот на ученици што е резултат на миграцијата, но од друга страна, треба да ги обновиме капацитетите и инфраструктурата во образованието и да им даваме подобри услови на децата за да имаме во иднина добар када којшто ќе не води напред, истакна Шашко.

Како што рече Фани Каранфилова – Пановска, програмски директор во Фондација Отворено Општество Македонија која го спроведува проектот за локалните стратегии во четири општини во државава меѓу кои и во Струга, овие документи ќе придонесат за подобар развој на општина Струга, а од друга страна е добро што се вклучени и граѓанит екои на јавните расправи што се одвиваат денеска и утре ќе можат да ги дополнат своите стратегии со квалитетни предлози и сугестии.

– Нацрт-стратегијата за образование работевме во една поширока партиципација на сите засегнати страни, од училишта, до граѓани, студенти, млади луѓе, со Агенцијата за вработување и сите засегнати релевантни институции. Лидер во изработка на страегијата е општината. Граѓаните денеска ќе можат да даваат свои предлози и сугестии како сметаат дека тоа треба и може да се подобри за да може конечниот текст да оди на Советот на општина и да биде усвоен, се надеваме до крајот на годината, истакна на првата јавна расправа Каранфилова – Пановска.

Во текот на денешниот ден ќе се одржи јавна расправа и за нацрт-стратегијата за млади на општина Струга, а утре пред граѓаните ќе се најдат нацрт-стратегиите за соработка со граѓански организации и за социјална заштита на општина Струга.

– Многу ќе биде важно тие да бидат донесени од страна на општинскито совет, а уште поважно ќе биде општината да издвои средства за да се имплементираат овие стратегии, додаде Каранфилова – Пановска.

Овие четири локални стратегии се реализираат во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“ општините Струга, Струмица и Центар, каде владејат опозициските партии. (Крај/А.Р.)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука