Струга, 7. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На улицата „Црн Дрим“, стружанката М.А., нејзиниот сопруг Е.А. и нејзината свекрва З.А.. во нивниот дом биле физички нападнати од Ф.Н. и околу десетина други непознати лица
.
Додека оштетените заедно со децата гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата. М.А. отишла да ја отвори вратата каде стоел Ф.Н. со непознатите лица, кои во рацете држеле ножеви, метални шипки и други предмети. Пријавениот Ф.Н. ја удрил М.А., а потоа заедно со останатите лица влегле внатре каде ги нападнале З.А. и Е.А.. По кратко време сите учесници продолжиле да се тепаат во дворот пред куќата, каде Ф.Н. со метална шипка го удрил Е.А. , кокој паднал во бессознание.
Дел од учесниците биле префрлени во Медицински центар, каде им биле констатирани телесни повреди. (Крај)
извор: МВР фото: архива