Струга, 12. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Струга повторно ќе го кренат својот глас за чист воздух, овојпат пред институциите.
Тие уште еднаш ќе побараат одговорност од надлежните и решение на проблемот со струшката дива депонија.
Од Граѓанската иницијатива „Доста“ во писмениот допис наведуваат дека само со одговорни институции, поединци и одговорно однесување може да се разреши ситуацијата.
„Протестот за одговорност“ е закажан за четврток, 15-ти јуни, пред зградите на Општина Струга и Основниот суд. Збирно место ќе биде паркингот пред Центар за управување со кризи во 12 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17