Струга, 3. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против Џ.Д. (69) и Л.М. (40), двајцата од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“.
На 12 декември 2016 година, пријавените вршеле ископ со механизација поради тампонирање на постојниот локален пат од село Радолишта до магистралниот пат Струга-Ќафасан. Со ископот неовластено било опфатено и местото северно од „Ранохристијанска базилика“, односно неистражен дел, кој претставува споменик на културата и за кого надлежен бил Завод и музеј Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 19