Струга, 2. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Војниците на американската армија во петок ќе бидат во Струга, како гости на припадниците на вооружените сили на АРМ.
Македонските и американските војници ќе ги претстават своите уникатни воени возила и опрема. Присутните, покрај разгледувањето, ќе можат и да поразговараат со војниците.
Настанот ќе се случи на „Машка плажа“ во Струга, со почеток во 18:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17