јуни 15, 2017

Струга, 15. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата со струшката депонија станува алармантна, откако истата од вчера е во пламен.

Утрово Супер радио и OhridPress јавуваат дека огромен облак чад се издига од неа, а поради непристапниот терен противпожарните возила тешко можат да се приближат и да го угаснат оганот.

19198451_10212625605733533_1562502066_nВо меѓувреме граѓаните на Струга се гушат од чадот од депонијата која се наоѓа на само 500 метри од градот.

Министерот за животна средина Садула Дураку вчера од Струга порача дека ќе се најде решение и за струшката дива депонија.

Граѓаните на Струга со денови протестираат и бараат депонијата итно да се дислоцира. (Крај)

https://www.youtube.com/watch?v=U4zKC6R8d0w&feature=youtu.be
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука