Струга, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Активистот Димитри Голабоски од Струга, сликајќи се пред урнатиот и никогаш повторно обновен мост во неговиот град, облечен како Прометеј, на свој предизвикувачки начин ја коментира моменталната ситуација на политичката сцена во Македонија.
Тој има направено сатирични разгледници придружени со краток текст алудираат на повеќе референци од „уметноста на политичарите“, а да не се издвојат средства за итни операции, каков што беше случајот и на малата Тамара од Велес.
– По течението на нашето време пуштивме галии кои не одат никаде, бронзени луѓе кои се движат во место. Пловејќи, така во место, градовите ги пуштивме по текот на заборавот, а голиот срам на мртвата бронза го покривме со соголување на достоинството на живото месо. Болката од движењето во место сакаме да исчезне препуштајќи му се на вирот по текот на илузијата. „Grotesque“ поздрав од Струга, порачува преку своите дела активнистот Димитри Голабоски. (Крај)
извор: ОхридПрес/Окно фото: Окно