Струга, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Невремето кое синоќа го зафати Охридско-струшкиот регион уште еднаш ја исфрли на површина потребата од ИТНА санација на објектот на ЈЗУ Завод за нефрологија во Струга.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како дел од пациентите седат по ходниците, а забележително е големо прокиснување на таванот. На подот има вода, а вработените се обидуваат да ја нормализираат состојбата.
Граѓаните се огорчени на ваквата состојба и бараат итно решавање на овој проблем. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива видео: VOX Struga
Прочитано: 40