Струга, 21. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Струшките пожарникари го ставија под контрола пожарот кој попладнево го зафати бараките во кои е сместен Едриличарскиот клуб „Снегар“, кај популарната „Машка Плажа“.
Само брзата интервенција на пожарникарите кои интервенираа со две возила и 13 лица спречи поголема катастрофа, и не дозволи проширување кон другите објекти. За среќа нема повредени цивили, а еден пожарникар е хоспитализиран поради труење од чад.
Претходно порталот VOX Struga објави видео од настанот на кое се гледа како гори објект на самата плажа.
извор: VOX Struga фото: Данче Секулоска видео: VOX Struga
Прочитано: 91