Струга/Дебар, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од училиштето „Јахја Кемал“ од Струга покажаа најдобри резултати на регионалниот натпревар по наставниот предмет математика за ученици од средните училишта.
Натпреварот се одржа во Дебар во организација на Сојузот на математичари на Македонија.
Најдобар резултат меѓу учениците од прва година покажа ученичката Ангела Бошевска од Струга, во втора година Теона Николовска од Гостивар и во трета година Љиљана Михајловска исто така од Гостивар, сите три ученички од училиштето „Јахја Кемал“.
Најдобар резултат меѓу учениците од четврта година постигна Наум Димитревски, од СОУ„Ибрахим Темо“ од Струга.
На натпреварот учествуваа 72 ученици од државни и приватни средни училишта од Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, како и домаќинот Дебар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива