Скопје, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со минимални количини на храна и средства за лична хигиена студентите на Артхитектонскиот факултет денеска прогласија Автономна зона.
Тие велат дека потребна им е поддршката од сите граѓани и секој кој е во можност го повикуваат да дојде на факултетот и да донира храна, овошје, течности и тоалетна хартија.
Студентите се одлучни вечерва да ја поминат на студнетската Автономна зона и се надеваат дека наскоро ќе им се приклучат и нивните колеги од Градежен факултет.
Нивните колеги архитекти остануваат со изготвена Програма за првиот ден.
Најавен е локален пленум за во 19 часот а понатаму времето студентите ќе го исполнат со музичка програма. (Крај)
извор: Нова Тв фото: архива
Прочитано: 26