Скопје, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Студентите и во текот на изминатата ноќ кампуваа на факултетите во УКИМ и на Техничките факултети во Скопје каде што имаат прогласено автономни зони во знак на протест против новиот закон за високо образование.
Студентскиот парламент при универзитетот Свети Кирил и Методиј пак соопшти дека нема да ја поддржи окупацијата на Универзитетот.
Оттаму повикуваат на воздржаност и уверуваат дека сакаат борбата да ја водат на институционален начин.
Од студентскиот пленум најавија дека окупацијата ќе трае до исполнување на барањето за итно одложување на имплементацијата на новиот закон и создавање на ново законско решение, најрано до 2018 година во чие креирање ќе бидат вклучени самите тие. (Крај)
извор: Р.С. Европа фото: Sonja Ismail