Охрид, 26. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дипломирани студенти од универзитети во Македонија, Србија и Албанија, кои се дел од летната школа насловена „Спротивставување на вистини“ денеска беа во посета на охридското Супер радио.
Тие се интересираа и се запознаа со начинот на функционирање, како се работи на техника, се запознаа со водителите, видоа како се работи радиска емисија во живо и како се подготвуваат вестите и темите на денот.
Целта на оваа летна школа е преку истражување и интервјуирање на граѓаните и третманот на одредена тема од страна на новинарите, студентите да ги соочат вистините и фактите за актуелните случувања во одредено место, во случајов Охрид. Вакво школи претходно се одржале во Сплит и Валона. Овде нема политика, ова е само соработка меѓу млади луѓе, Јосеф Шмит професор по англиски јазик и лингвистика на технолошкиот универзитет Кемниц во Германија, под чија иницијатива се реализира летната школа.
– Ова е трета посета на Охрид многу ни се допаѓа овде, имате прекрасен конгресен центар, прекрасно езеро. Овојпат имаме студенти од Вршац и Ниш од Србија, Скопје, Битола и Охрид од Македонија и од Валона Албанија. Студентите даваат задачи излегуваат на терен и ги интервјуираат луѓето за нивните ставови. Имаат одлична соработка меѓу нив што е особено значајно за мешани групи од различни земји. Школата трае 18 дена и завршува в петок. Студентите ќе изработат завршна презентација на која ќе ги истакнат проблемите, предлозите и ќе направат споредба. Лани бевме во Сплит, претходно во Валона, посетуваме различни места, но цело време студентите одат заедно и работат на теми кои ги даваат тие, а произлегуваат од интервјуата. Еве во Охрид градот е заштитен од УНЕСКО, некои сметаат треба да бидеме многу внимателни, да ги намалиме сите непотребни градби да ги почитуваме правилата, други велат сепак треба да се живее, економијата да функционира. Од новинарскаи аспект ќе најдете луѓе кои ќе речат ова е важен проблем треба да се инвестураа повеќе пари во заштита на Охрид други пак ќе речат нашиот приоритет е поинаков. Студентите работат токму на ова, да ги спротивстават вистините, но и да ја видат подготвеноста на луѓето да учествуваат во решавање на проблемот, вели професорот Шмит.
Професорот Шмит со проекти аплицира до фондацијата Герман ацадемиц еџцханге сервице (ДААД) и има успех во одобрувањето. Оваа летна школа е во рамки на проектот „Универзитетски дијалог во Југоисточна Европа“, со цел да ги собере дипломираните студенти и да ги натера да работат во мешани групи на различни проекти на различни места.
Летната школа следната година се сели во Србија, а од интервјуата во Охрид може да произлезе и следната тема на интерес за студентите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес