Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва за студентите од Факултетот за туризам и угостителство Охрид ќе биде организирана студентска забава во студентското Бифе на факултетот.
За забавата ќе се погрижат членовите од „Duo Band“. Студентите ќе се забавуваат со најголемите мак, поп, поп-рок и екс-ју хитови.
Овој вид на забави во факултетот е со цел поголемо дружење меѓу студентите, вон наставната програма, квалитетна понуда за исполнување на нивното слободно време, но и промовирање на новитетите кои ги воведе студетското бифе со новиот начин на работа, нудење на квалитетна угостителска понуда, не само за студентите од факултетот, туку и за потребите на граѓаните.
За време на вечерашната забава се најавени промотивни цени на сите пијалоци. Поради големиот интерес, пожелно е студентите кои сакаат да бидат дел од студетската забава, да направат резервации во факултетот.
Студентската забава е со почеток во 21:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива