Скопје, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ им претстојат испити и колоквиуми, а токму тоа е причината поради која Студентскиот пленум на факултетот одлучи да не одржува алтернативни предавања во периодот додека траат испитите и колоквиумите.
Во Соопштението на Студентски пленум се додава:
– Студентскиот Пленум при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје ги известува студентите дека алтернативните предавања ќе бидат во мирување во наредните три недели, пред сè поради мартовската казнена, но и редовната колоквиумска сесија. Среќно со полагањата и се гледаме наскоро со нови предавања. Се надеваме на разбирање. (Крај)
извор: Факултети фото: архива
Прочитано: 26