февруари 19, 2015

Скопје, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во рамки на Автономната Зона на Филозофскиот и Филолошкиот факултет, Студентски пленум ќе одржи прес конференција во која ќе се осврне на најавените настани во текот на денот.

Прекин на предавањата вчера имаше и на Земјоделскиот и Шумарскиот факултет, ослободување и прогласување автономна зона на Архитектонскиот факултет, како и студентска забава на платото на УКИМ со Дубиоза Колектив.

Активностите на пленумците започнаа и денес со бојкотирање на наставата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука