јули 17, 2019

Скопје, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако кинеската Ексим банка одобри ефтин кредит за да продолжи изградбата на автопатот Кичево-Охрид, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека веќе наредната година возачите да може да возат и по половина од автопатот.

Очекувањата се првите 30 километри од Охрид до Врбјани да бидат оспособени за возење.

– Ние сме известени дека се одобрени парите и очекуваме овој период да се пристапни и да се динамизира процесот. Планираме наредната година да пробаме тие 30 километри од Охрид до Врбјани да ги оспособиме да се вози тој пат. Половина автопат да биде во функција, а другиот дел согласно рокот 2021 да е целосно завршен, истакна Горан Сугарески, министер за транспорт во македонската Влада. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука