август 28, 2019

Скопје, 28. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне во текот на септември, најави во интервју за Макфакс министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој објасни дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање.

– Освен тоа што прогласи мораториум за градење Охрид веќе избра фирма која што ќе урива, предвиде средства за уривањето во висина од 1,5 милион денари и прави динамичен план за уривањето. Приоритет ќе имаат дивоградбите во заштитеното јадро и во националниот парк „Галичица“, рече министерот Сугарески за Макфакс.

Државата ќе ја помогне акцијата со дополнителни средства за уривањето, а според министерот нови средства ќе предвиди и локалната самоуправа во буџетот за следната година оти како што нагласи, не може да се очекува сите дивоградби, чија официјална бројка ќе ја објават многу скоро, да бидат урнати до февруари, кога истекува рокот даден од УНЕСКО за задржување на заштитатата на Охрид.

Комплетното интервју ОВДЕ. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука