март 11, 2017

Мадрид, 11. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот спортски весник “Marca” тврди дека германскиот судија Дениз Ајтекин, кој беше арбитер на мечот Барселона-ПСЖ, поради лошото судење ќе биде суспендиран на неодредено време.

“Marca” тврди дека поради тоа Ајтекин ќе биде суспендиран од Лигата на шампионите сé додека не се смират страстите.

Од седиштето на УЕФА сé уште официјално не реагирале на коментарите за лошото судење, а конечната одлука ќе ја донесе првиот човек на судиската организација,  Пјерлуиџи Колина. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука