Скопје/Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Судскиот совет на денешната 497. седница утврди престанок на судиска функција на Богоја Стрезоски, судија на Основен суд Охрид поради исполнување на услови за старосна пензија.
Воедно, донесе одлуки за престанок на шест судии поротници во Основен суд Велес. Советот изгласа избор на осум судии поротници на Основен суд Велес. Судскиот совет донесе одлуки за престанок на 12 судии поротници на Основен кривичен суд Скопје поради истек на мандатот. Советот изгласа избор на Емина Косовиќ за судија поротник на Основен кривичен суд Скопје. Советот донесе одлука Иван Колевски, судија на Основен суд Битола времено да се упати на вршење на судиската функција во Основен суд Прилеп во период од една година. (Крај)
извор: slobodenpecat.mk фото: ОхридПрес