април 15, 2022

Охрид, 15. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Новинарката Сузана Вренцовска е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Таа е долгогодишен новинар, кој занаетот го има печено во бројни редакции во градот и земјата. Поранешна директорка на фестивалот „Охридско лето“ и одличен познавач на состојбите во градот и државата.

Нејзин музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: I Want To Know What Love Is на Mariah Carey, Something About The Way You Look Tonight на Elton John и Run To You на Whitney Houston.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Вренцовска падна на Влатко Лозаноски со „Мајко“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука