Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во недела, на 19-ти јануари 2025 година, на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена е богата музичка програма.
По церемонијата за фрлање на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, ќе се погрижат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.
На 20-ти јануари 2025 година, на Денот на рибарите на месноста Сараиште, со почеток во 12:00 часот, за музичката забава ќе бидат задолжени членовите на Охридскиот музички еснаф. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 49