Охрид, 6. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Прекрасната топла, летна охридска вечер во Bacchus Wine bar во центарот на Охрид, вечерва беше уште поубава со најдобрите Pop, Rock и македонски хитови со Анастасија и Лео (Ајта бенд).
– Остануваме број 1 адреса за најголемите вински сладокусци. Пробајте некое од 225 видови вино од 30-тина најдобри македонски винарии, уште и уникатни ракии од кои повеќе од четвртина може да се пробаат само кај нас, порачуваат од Bacchus Wine bar.
Вечерва зборуваа убавата музика и уште поубавото вино, а тоа е една од најдобрите комбинации кои можете да ги замислите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 69