јули 23, 2017

Охрид, 23. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дали најслушаната локална радио станица во државата е број 1 избор во вашиот автомобил, прашуваат од Супер радио, кои покрај тоа што се лидери во информативниот, музичкиот и забавниот дел, стојат зад најинтересните маркетинг кампањи кои се случуваат во регионов веќе години наназад.

Последната која се случува во текот на летото е „Супер патролата“, односно можноста да се добијат 1.000 денари во кеш, за што треба да се исполнат само неколку едноставни услови.

– Доколку нашата „Супер патрола“ Ве застане или Ве посети во просториите каде се наоѓате, доколку слушате Супер радио и доколку Супер радио е број 1 избор на Вашиот радио приемник, веднаш добивате награда, порачуваат од Супер радио.

„Се слушаме до вредни награди – лето со Супер радио“, додаваат од водечкиот медиум во овој дел на државата. Супер радио годинава влегува во 25-тата година од постоењето со рејтинг на најдобра локална радио станица во државата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука