септември 17, 2019

Охрид, 17. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Другари, потребни сме и’ на Јана… многу, порачуваат од Супер радио од каде информираат дека ќе обезбедат комплетен маркетинг пакет за три компании кои ќе уплатат средства за помош на Јана Арсовска од Охрид.

– На три компании од Охрид, Струга (или било каде), ќе им подготвиме комплетен пакет со аудио спотови, видео спотови, графика и се’ што им е потребно. Ќе им обезбедиме и време за емитување на Супер радио и соодветна презентација на порталите. Уплатете средства на сметката на Јана и контактирајте не на [email protected], информираат од Супер радио.

Охридската, но и македонската јавност деновиве повторно се мобилизира за помош на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 (екс ВИП) 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија:

gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука