News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 10, 2024

Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како никогаш до сега, Охриѓани купуваа наши производи, а целиот дневен промет од сите наши пекари во Охрид го донираме за Бојана да го продолжи своето лекување, порачаа од охридската компанија Жито леб, која вчера имаше акција која е навистина за поздравување.

Имено, целиот промет од сите пекари во Охрид остварен во текот на вчерашниот ден, од компанијата го донираа за лекување на Бојана.

– Хуманоста и солидарноста уште еднаш го покажаа своето лице. Ви благодариме на сите од сè срце, порачаа од компанијата.

Како толку пати претходно, охриѓани ја докажуваат хуманоста и со бројни акции и иницијативи собираат средства за помош на сограѓанката Бојана, на која пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.

Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:

денарска сметка: 200003057020079 MKD

IBAN: МК07200004151704073 AUD

IBAN: МК07200004151699514 EUR

IBAN: МК07200004151698059 SCF

IBAN: МК07200004157877153 USD

Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.

Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука