Сѐ е подготвено за годинешниот Вевчански карневал, Забрането пушење, Aреа и Пајак ќе се погрижат за забавата
јануари 3, 2025

Скопје/Вевчани, 3. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сѐ е подготвено за овогодинешниот Вевчански карневал кој традиционално ќе се одржи на Василица.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција го истакна значењето на  како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција. Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата култура и традиција.

– Вевчанскиот карневал е потврда за посветеноста и љубовта на вевчанци кон своето наследство, кои со својата упорност и страст го задржаа духот на карневалот жив, и ја потврдија неговата важност. Креативните маски изработени со големо мајсторство, се повеќе од уметнички дела. Тие се огледало на времето – носат пораки, раскажуваат приказни и на уникатен начин го поврзуваат минатото со сегашноста, и ја коментираат стварноста, рече Љутков.

Тој ја истакна туристичката атрактивност и можностите за развој на културата и туризмот на Вевчани.

– Вевчани е и вистинска туристичка атракција. Лоцирано на падините на планината Јабланица, со недопрена природа како Вевчанските извори, богата историја, традиционална архитектура, специјалитети од локалната кујна, традиција и фолклор е основа Министерството за култура и туризам во иднина да посвети особено внимание во промоција и поддршка на културниот туризам на целиот овој регион, вклучувајќи ги и Охрид, Струга, и Дебрца, истакна министерот Љутков.

Освен дефилето на маски за кои се зборува цела година потоа, за посетителите ќе има и богата музичка програма. На 12-ти јануари ќе настапат Пајак, Ареа и бендот Забрането пушење. Во понеделник, на 13-ти јануари, по карневалските фешти ќе настапат Љубојна, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани Вевчани, а по нив настап ќе имаат Перо Бели и Коки Биоритам.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Сето ова е само надополнување на главниот настан на карневалот, дефилето на маските кое се случува на 13-ти јануари во попладневните часови. Тогаш цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосфера.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Вевчанскиот карневал е најпознатиот бренд на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1.500 години.

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука