Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – „ТАВ Македонија“ одбележува пет години од работењето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Откако компанијата, која е дел од турскиот холдинг „ТАВ аеродроми“, во 2010 година оперативно го презеде управувањето, воведе седумнасет нови редовни авиолинии и бележи речиси двојно зголемување на бројот на патници на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
– Деновиве кога се навршуваат петте години откако турскиот „ТАВ аеродроми“ го презеде управувањето со „Св. Апостол Павле“, можеме да бидеме горди со досегашниот развој на авиосообраќајот во Македонија, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Крстевски истакнува дека со новите дестинации од Охрид, кои од средината на годинава ќе ги воспостави „Визер“,менаџментот на „ТАВ Македонија“ очекува 2015 година да ја заокружи со десетина нови авиолинии, што ќе придонесе за натамошен пораст на вкупниот авиосообраќај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива