август 17, 2019

Охрид, 17. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Божидар Димитиревиќ и Давид Велковски го исполнија и последниот критетиум за учество на Светското Таеквондо ИТФ првенство кое ќе се одржи во Пловдив, Бугарија од 24-ти до 30-ти август 2019 година.

– Двајцата јуниори кои се докажани натпреварувачи на бројни меѓународни натпревари, по 7 годишен труд се изборија за критериум за учество на Светско првенство, покрај бројните меѓународни медали освоени на бројни турнири, тие успешно положија и за црн појас I дан, кој беше последниот критетиум. Имавме прилика да уживаме во текот на полагањето, при што двајцата се во врвна форма поради подготовките за Светското првенство, одлична демонстрација на целокупната техника, тест на снага (кршење штици), специјални техники (кршење штици во висина со атрактивни удари), самоодбрана, физичка спремност, форми (борба со замислен противник), спаринг (борби со опрема со полн контакт), теорија. Двајцата ќе имаат уште еднаш испит пред Светското првенство пред Гранд Мастер Ким Унг Чол, црн појас IX дан и пред другите Мастери од цел свет, вели Марјанчо Лазаревски, црн поја V дан, претседател на Македонската ИТФ.

Тој додава дека верува во нивната подготвеност за повторниот испит, затоа што натпреварувачите летото го поминааа во спортската сала, подготвувајќи се за Светското првенство, посебно Божидар Димитиревиќ кој оди сезонски на работа, а слободното време го користи за тренинг.

– Благодарение на генералниот спонзор, компанијата „ПН Метал“ од Охрид, повторно имаме прилика да учествуваме на Светско првенство и да дадеме се’ од себе да ја претставиме нашата држава во најубаво светло. Ова е прв натпревар од ваков калибар на двајцата наши натпреварувачи, а конкуренцијата кај двајцата е огромна. Давид Велковски натпреварува форми јуниори за црн појас I дан и борби – 69 килограми јуниори 16-17 години, додека Божидар Димитриевиќ натпреварува форми јуниори за црн појас I дан и борби +70 килограми јуниори 14-15 години, на двајцата ќе им требаат по 5-6 победи за медал, па се надеваме дека нема да ги совлада тремата и ќе дадат се од себе да не израдуваат со добар пласман, потенцира Лазаревски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука