Охрид 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондистите Петар Петкоски и Јана Спироска од охридскиот клуб „Хваранг Фист“ се дел од македонскиот национален тим и ќе учествуваат на Европското кадетско првенство што од утре до сабота ќе се одржува во Тирана, Албанија.
Во националниот кадетски тим се 13 таеквондисти од 5 клубови од земјава, а се предводени од претседателот и селектор Борче Костовски.
Македонското таеквондо пишува историја, одиме на високи пласмани, порачаа од македонската федерација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 165