октомври 2, 2019

Охрид, 2. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид викендов ја започнува есенската натпреварувачка сезона на турнирот за деца до 14 години, кој ќе се одржи во Плевен, Бугарија.

– На турнирот кој ќе се одржи во сабота, на 5-ти октомври, ќе настапиме со 6 натпреварувачи, овој натпревар е одличен за започнување на есенската натпреварувачка сезона, посебно што е само за деца до 14 години, па ќе биде одлично искуство за нив, кои веќе ги пратат стапките на повозрасните натпреварувачи и ветуваат дека ќе имаме уште една силна генерација натпреварувачи. Како што ни е познато соседна Бугарија е една од најдобрите репрезентации на светот па квалитетот на натпреварот ќе биде на високо ниво, вели Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан, претседател на клубот и на Македонската ИТФ.

Тој испраќа благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН Метал“, кој и овој пат им помогна на младите спортисти да учествуваат на овај натпревар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука