март 22, 2017

Скопје, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – ТАКСИРАТ Фестивал како најзначајниот фестивал од Македонија гостува на првата меѓународна конференција „Контакт“ која утре и и задутре ќе се одржи во Белград.

Со својата веќе 19-годишна традиција и успесите кои ги има зад себе, Таксират е единствениот претставник од Македонија на оваа конференција која се одржува како своевиден дводневен фестивал на кој ќе се сретнат голем број претставници на најзначајните фестивали во регионот (Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора), кои преку примери на добра пракса, инспиративни трибини, креативни панели и јавни дискусии ќе укажат на новите трендови и уште појасно ќе го мапираат регионот како исклучително плодно тло за развој на музичката индустрија.

Како што самите организатори наведуваат „првата конференција ‘Контакт’, произлезе од потребата за вмрежување на организаторите и промоторите на регионалните музички фестивали, туристичките здруженија и организации, културните центри, клубовите и останатите активисти во културата и уметноста. Во исто време, таа произлезе и од потребата за созадавање на јасна инфраструктура во музичкиот бизнис и бришење на културните граници во регионот, бидејќи музичките фестивали се главниот туристички адут на балканските земји“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука