Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Согласно новиот режим на сообраќај на булеварот „Македонски просветители“, такси постојката која во септември беше дислоцирана на улицата „Партизанска“, повторно е вратена пред охридската Пошта.
Од денеска стапува на сила нов режим на сообраќај во центарот на Охрид. Од Општина Охрид информираат дека нов режим на сообраќај ќе има на улица „Македонски Просветители“ според кој истата станува еднонасочна на потегот од крстосницата со улица „Димитар Влахов“ до крстосницата со улица „Партизанска“.
– Се молат учесниците во сообраќајот да се придржуваат на новопоставената сooбраќајна сигнализација, стои во известувањето.
Инаку, вчера беа отстранети столпчињата кои го ограничуваа движењето на пресекот на улицата „Димитар Влахов“ со „Македонски просветители“, кои истовремено спречуваа да се сврти лево кон езерото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес