Краков, 7. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Талант Душебајев има проблеми со составот на Полската ракометна репрезентација на неколку дена пред премиерниот натпревар од СП во Франција.
Камил Сипжак е последниот ракометар што го откажа настапот на мундијалот откако 25-годишниот пивот не успеа навреме да се опорави од повредата.
Два месеци пред мундијалот од националниот тим се повлекоа Бартош Јурецки, Лијевски, Бјелецки и Шмал, а во меѓувреме се повредија и голманот Вишомирски и Михал Јурецки. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21