Скопје, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младата пејачка Тамара Ангеловска продолжува да работи активно и да ја негува македонската песна.
Тамара која пред само неколку дена додаде уште две нови награди во својата колекција, а ги освои на меѓународни фестивали, активно работи на својата музичка кариера и наскоро ќе промовира две нови песни.
Зад новата песна на македонски јазик стои веќе проверениот тим на Тамара, музиката и аранжманот се на хитмејкерот Иле Спасев, додека текстот го напиша Даниела Хаџи-Тоневска, а англиската песна е комплетно музичко дело на реномираната продукција High Records. Видеоспотовите за двете песни ќе бидат во режија на Џулиани и неговата продукција Џубокс Видео, а Ангеловска ќе се појави во креации на Златко Јовановски.
Тамара Ангеловска студира на отсек флејта во средното музичко училиште „Илија Николовски – ЛУЈ“ и годинава ќе матурира, а своето високо образование ќе го продолжи на еден од најпрестижните факултети за музика во Букурешт, Романија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива