Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.
Билјана Стевановиќ е дел од Тамаро фамилијата полни 22 години. Таа започна со работа во 2003 година, на позиција агент за продажба, за подоцна да биде унапредена во материјален книговодител. Следната позиција беше прв менаџер на „Тамаро 7“ хипермаркетот, каде подоцна ја замени Благица Ситникоска. Во моментов, Билјана е главен менаџер за продажба во Тамаро. Умешноста и вештините на Билјана се одразија на успехот и на Тамаро. Секогаш навремена, прецизна и преку нејзините обуки многу луѓе станале успешни и вредни работници. Компанијата Тамаро и’ додели автомобил како подарок!
Билјана Лолеска работи во Тамаро цели 23 години. Започна со работа во 2002 година, на позиција агент за продажба, а во моментов е главен менаџер на АМ магацинот, кој работи во склоп на Тамаро. Лидерските способности, колегијалноста, истрајноста, лојалноста се само дел од нејзините вештини со кои многу луѓе ги обучила да станат вредни и одлични работници. Компанијата Тамаро и’ додели ваучер од 7.000 евра.
Горан Манев започна да работи во Тамаро во 2003 година и е дел од тимот полни 22 години. Започна на работна позиција магационер, додека неговиот успех во работата го донесе да биде главен магационер на замрзната роба во комори. Сега работи како контролор на прием на роба во АМ магацинот, како и ускладиштување на робата. Горан секогаш е достапен и лојален кон компанијата. Личност која во секое време излегува во пресрет за доброто на Тамаро. Неговата љубов кон компанијата и посветеноста кон работата заслужено му го донесе автомобилот, кој го доби на подарок.
– Честитки за вработените од менаџментот на Тамаро и им посакуваме на сите останати вработени многу успех во работата и долги години работен стаж, порачуваат од компанијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива