Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети и слаткарата „Анабела“ која работи во склоп на компанијата утре ќе организираат слатка акција за за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо.
Тој боледува од тумор Астроцитома и итно се потребни средства за операција во Италија.
– Во текот на утрешниот ден ќе направиме неколку стотини вкусни слатки од нашата слаткара „Анабела“ и ќе организираме мини-продажна акција во Центарот на градот и по охридските кафе барови и ресторани. Нашите претставници ќе ги продаваат слатките кои ќе бидат посебно запакувани, по цена која ќе ја одберат самите купувачи. Сите средства ќе бидат уплатени на сметката која е отворена за помош на Трајан, велат од „Тамаро“, од каде упатуваат апел до сите угостителски објекти во градот да ја поддржат акцијата и да дозволат во нивните објекти да се спроведе акцијата.
Комплетната акција е организирана и поддржана од иницијативата „За добро“ на Супер радио.
Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес