Охрид, 14. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со атрактивни промоции, производи од производната линија на „Тамаро“ и слаткарницата „Анабела“, овошни, слатки, чоколадна фонтана, вкусна торта и други изненадувања, „Тамаро 7“ маркетот го прослави треттиот роденден.
Маркетот е лоциран на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар. Од самото отворање на маркетот, од менаџерскиот тим се задоволни од нивото на продажба.
– Одзивот кај купувачите е одличен. Роденденот денес го прославуваме со вкусна торта, чоколадна фонтана, како и бројни попусти и промоции и посебни изненадување за најмладите. Со самото отворање на овој маркет, готовите јадења ги збогативме, бидејќи има голема потрошувачка, како од охриѓани, така сега во летниот период и од странските туристи, велат од „Тамаро 7“.
Од „Тамаро маркетите“ најавуваат во текот на целиот месец и лето, бројни акции, изненадувања и најразлични прослави за сите нивни верни потрошувачи. Веќе од денес започнува новата акција на „Тамаро“ и Нестле, во рамките на која ќе има многу награди за купувачите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес