Струга, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градежната механизација и работниците се отстранети од локациите каде се вршеа градежни работи и бетонирање на езерското крајбрежје на делот од Струга до село Калишта, информираат од граѓанската иницијатива Тампон В’але Струга.
Претходно од Тампон В’але Струга доставија пријава до повеќе институции за узурпацијата и уништување на езерското крајбрежје, но и покрај тоа градежните работи продолжиле. Од утринава механизацијата била повлечена.
– Втората рунда ја добија граѓаните! Сега сопствениците нема да знаат кој градежно им го „уредил“ земјоделското земјиште, а ќе тврдат дека езерото само и од срам се тампонирало. Тоа е доколку се најдат сопствениците, затоа што можно е сопственикот и сторителот да биде непознат. Така е тоа во Струга, пишуваат од граѓанската иницијатива.
Додават дека со нивната пријава службите имаат доволно докази да преземат соодветни мерки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Тампон В’але Струга