Лондон, 29. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумските шпекулации се потврдија и Еден Азар навистина нема да го продолжи договорот со Челзи поради возможноста да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
Тоа денес за белгиските медиуми го потврди таткото на фудбалерот, Тиери Азар: „Еден го одби новиот договор бидејќи разбра за интересот на Реал Мадрид каде би се вклопил одлично“, изјави таткото на Азар.
Притоа, Тиери Азар ги демантираше шпекулациите дека веќе има постигнато договор со Реал Мадрид.
„Во овој момент немаме никаков договор. Еден е само една од страните, треба да видиме што мисли другата страна“.
Таткото на 26-годишниот Белгиец откри дека неговиот син му се восхитува на Реал Мадрид и сака еден ден да заигра на „Сантиаго Бернабеу“. (Крај)
извор: Спортски.мк фото: архива