Охрид, 20. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Програмата на годинашното 57-мо издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со претставата „Ана Комнена“.
Работена е по текст на Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев, а ќе биде изведена од актерите на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
Во оваа пиеса, Ана Комнена го застапува и жестоко го брани своето елементарно женско право на силина. Претставата ќе се одигра во предворјето на црквата „Св.Софија“, со почеток во 21:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17